Дебар добива најсовремен Аквапарк, единствен на Балканот


Сместен во кругот на бањскиот локалитет во Косоврасти, на „Дебарски Бањи-Цапа“, покрај прекрасното Дебарско Езеро, претставува уникатно место на незаборвани мигови во базените со тремоминерална вода рангирана на прво место во Европа по нивната лековитост.

– На површина од шест илјади квадратни метри се дава неограничена забава во базените со најинтересните и нјаиновативните атракции. Дизајниран од најпрофесионални архитекти ги исполнува највисоките стандради. Аквапаркот не нуди само базени, туку и еден современ центар за Спа и Велнес. Нашиот Аквапарк е единствен во Македонија, но и соседните земји. Вакви нешта има во Хрватска и Словенија, вели Трим Ќемали, заменик извршен директор на „Дебарски Бањи-Цапа“.

Аквапаркот, кој свечено ќе биде пуштен во употреба попладнево, меѓу другото располага со отворен полуолимписки базен, отворен базен за деца со различни забавни точки, многубројни атракции на вода, како хидромасажер со притисок и воздух, џакузи, пештера, водопад, сауна со инфрацрвени зраци, турска бања со пареа, бар и тераса со поглед езеро…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1