Невреме го погоди Белград, улиците се поплавени


Невреме пропратено со силен дожд, грмотевици и град понекаде, го зафати Белград претпладнево, па сообраќајот во градот е отежнат и успорен, а некои улици се поплавени, јавуваат српските медиуми.

На територијата на цела Србија на сила е портокалов метеоаларм поради обилните врнежи, грмотевици и силен ветер.

Портокалов метеоаларм означува опасни временски прилики.

Прогнозирани се опасни временски појави со таков интензитет што може да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1