Дебар во шок- Полицијата со детали за тројното убиство


Тројното убиство што се случи во Дебар, во кој смрттно се застрелани тројца членови од семејството Поцеста, маж, неговата сопруга и малолетна ќерка, ја вознемири целата дебарска јавност, која е во шок и неверувањ

Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски, убиството се случило во семејната куќа на убиените.

– Трагичниот настан се случил околу три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба ги застрелал сопружниците А.П.(54) неговата сопруга Н.П. (54), а потоа и нивната четиринаесет годишна ќерка. По наредна на јавен обвинител од Гостивар, под чија надлежност е делото, телата се дадени на обдукција -изјави Димоски.

Семејството на настараданиот, кое има уште две возрасни деца, живеело во Италија, а во Дебар било дојдено за летниот одмор. Возрасните деца пред некој ден си заминале за Италија, каде работеле, а настарданите останале поради веселба кај нивни блиски роднини, кои, неофицијално и ја известиле полицијата.

Откако не се најувале на телефонските повици роднините, синоќа, нешто пред 21 часот, влегле во куќата по што ја известиле полицијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1