Децата од воспитно-поправниот дом „Тетово“ живеат дрогирани со седативи 24 часа на ден


Штитениците во Воспитно-поправниот дом (ВП Дом) „Тетово“, живеат дрогирани со седативи 24 часа на ден, алармира заменикот на Народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа. Иако најголемиот дел од 16 -те штитеници се деца, им се дава доза од пет до 20 милиграми од овие антидепресиви, објавува СДК.

„Од увид во медицинските досиеја при посетата во јули, констатирано е дека сите деца од ВПД ‘Тетово’ примаат јака седативна терапија препишана од матичен лекар од Здравствен Дом Охрид или од специјалист доктор невропсихијатар, психијатар. Терапијата се состои во повеќекратни дози во текот на денот, (а особено во вечерните часови), при што им се препишани следниве лекарства за смирување: Дијазепам, Хелекс, Мендилекс, Депакине, Рисперидон и други, од 5 до 20 милиграми дневно, што со оглед на возраста на децата е многу силна доза“, стои во посебниот Извештај на Народниот правобранител по спроведената посета на Домот.

Место ресоцијализација, школување и активности за време на издржување на мерките, тимот ги затекнал децата седнати и поспани од силните седативи што им ги дале да ги пијат секој ден.

„Впечаток е дека поради јаките дози од терапијата која ја примаат, повеќето од нив немаат јасен фокус, делуваат отсутно и незаинтересирано за околината. Во таа смисла, неопходно е да се вршат чести контроли од страна на стручни лица – специјалист, доктор невропсихијатар или психијатар, со цел да се евалуира можноста за намалување на дозите на медикаментозна терапија која ја добиваат децата, а при тоа да се внимава на нивната психичка состојба. Адаптивното и контролирано однесување не може да се постигне единствено преку примена на медикаментозна терапија, туку е потребно пожелните облици на однесување да се развијат и преку тренинг на вештини и бихејвиорални третмани од страна на стручни лица“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1