Пред три години Фред Ален бил таксист кој работел по 12 часа дневно за да може да спои крај со крај. Денес заработува илјадници долари од парите на даночните обврзници, така што спие со проститутки за пари, а потоа помага на суд да се затворат нелегалните бордели.
– Ниту за милион години не би претпоставил дека ваквата работа постои, а не пак дека би можел да ја работам. Ова е навистина чуден свет – вели овој шеесетгодишник.
Кога во Сиднеј бил отворен конкурс за истржувачи на бордели, апликацииите пристигнувале дури од Финска, но Фред бил единствен кој ги исполнувал сите услови – имал дозвала за приватен детектив, одлично зборувал и пишувал англиски јаик, немал проблем со тоа да се појави на суд доколку тоа било потребно, и е неоженет. Неговата работа се состои од посета на борделите кои биле регистрирани како салони за масажа.
– Никогаш не сум бил во бордел претходно, така што бев мошне нервозен. Се потсетував себеси дека тоа е легална работа на разоткривање на нелегални бордели и како што изминуваше првиот работен ден, почнав да уживам во тоа – вели Ален.
До сега 10 општини ги побарале неговите услуги. Фред вели дека процедурата е секогаш иста, тој добива мејл со име, адреса и опис на локацијата, потоа се упатува таму, спроведува истрага и пишува изјава која потоа ја испраќа назад.
До сега изработил околу 60 „задачи“ на територија на Сиднеј. Фред вели дека од прилика еднаш во три недели е ангажиран, но се случува и задачите да бидат почести, па така се случувало и во една недела да мора да помине 3 бордели.
– Веќе не сум толку млад како што бев – вели овој поранешен таксист.
Што се однесува до самата работа, Фред вели дека е побезбедна од тоа да биде таксист, а исто така е и подобро платена. На територија на Сиднеј има уште еден негов „колега агент“, но никогаш не го сретнал.
– Би сакал да им кажам на своите синови со што се занимавам. Во секој случај, кога ќе умрам, тие ќе дознаат и сами ќе ги прегледуваат моите документи. Се надевам дека добро ќе се насмеат – додава за крај Фред.