Дедо Мраз ја запроси новинарката среде јавување во живо


Новинарот на РТС Далибор Жариќ, маскиран во Дедо Мраз ја запроси својата колешка Дарка Станојевиќ додека таа во живо известуваше од белградскиот плоштад за подготовките за дочекот на Нова година.darka-stanojevic-foto-printscreen-1451325706-813643-30014

Дарка рече да кога Далибор, соблекувајќи ја капата и брадата, и даде веренички прстен и ја праша храбро, пред 2 милионскиот српски аудиториум, Дали ќе се омажиш за мене?novinar-rts-prosidba-foto-pt-1451326181-813645

На запросувањето му претходеше мала напнаторс, зошто Дедо Мраз влета во кадарот додека Дарка известуваше од платото пред Собранието на Србија. Веројатно во намера што побрзо да го откачи Дедо Мразот и да продолжи со известувањето во живо за емисијата Београдски програм, новинарката одговори на некои од прашањата на неповиканиот соговорник, кој лесно не се откажуваше.

Во еден момент Дедо Мраз ја извади маската, и на големо изненадување за Дарка, клекна и и го подаде вереничкиот прстен кој таа го прифати и го стави на рака.

Новинарката на РТС продолжи среќна и насмеана да известува за случувањата на плоштадот, заедно во кадар со идниот сопруг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1