Канадската авиокомпанија Вест Џет реши да им приреди на своите патници неверојатно изненадување, но она што следуваше ги остави сите без зборови.
Оваа година, го донесоа духот на давање во еден мал град во Доминиканската Република. Компанијата и нејзините вработени направија да се остварат желбите на секој човек во градот.
“Божиќното Чудо” на „WestJet“ за 2014 година дојде во Доминиканската Република, каде што авиокомпанијата донесе Дедо Мраз, многу вештачки снег и се разбира, подароци во градот Нуево Ренасер.
WestJet го започна своето божиќно чудо со тоа што постави сина санка во центарот на градот. На санката беше вклучен видео бим каде што жителите можеа да разговараат со Дедо Мраз. Овој Дедо Мраз, кој беше облечен во сина облека, ги праша неговите посетители на санката, што сакаат тие за Божиќ?
Минатата година пак патниците кои патуваат од аеродромот во Торонто, до аеродромот во Онтарио, наидоа на голем екран од кој им се обрати самиот Дедо Мраз.
Тој ги праша што сакаат да им донесе за празниците, а патниците му ги открија нивните желби и си се качија на својот лет, не обраќајќи внимание на она што им се случи.
Но кога слетаа на аеродромот во Онтарио, ги чекаше неверојатно изненадување кое никогаш во животот нема да го заборават.
Желбите навистина се исполнуваат 🙂