61 – годишен жител од кривопаланечкото село Конопница е уапсен дека извршил полов напад врз малолетното девојче. Според МВР, грозоморниот чин го пријавил соседот.
Од разговорот кој надлежните во МВР го оствариле со девојчето, осомничениот ја силувал во плевна во селото, заканувајќи и се дека ќе ја истепа доколку каже на некого.
Осомничениот е одведен пред истражен судија и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.