Дедо, тракторот ми помина преку стомакот- последните зборови на малиот Драган


Дедо, тракторот ми помина преку стомакот. Ова биле последните зборови на 9. годишниот Драган Ресимиќ од Ивањица, кого го прегази трактор во селото Ерчег.

Трагедијата немоќно ја гледал неговиот дедо Миќан, кој заедно со таткото на детето косел во близина. Детето почина во болницата во Ужице.traktor

Несреќата се случила во саботата попладне, кога малечкиот Драган со таткото Обрен и дедото Миќан бил на планина. Детето во моментот на несреќата било само покрај тракторот.

-На планина беа детето, таткото и дедото. Тракторот го оставиле паркиран покрај патот. Возилото било закочено, со подигната рачна кочница, а и клучевите не биле во бравата. Таткото косел малку подолу, а дедото отишол да му помогне на синот. Велат дека дедото видел како тракторот тргнал низ ливадата. Почнал да трча и кога стигнал, го нашол детето како лежи на земјата, а тракторот не бил превртен. Детето било свесно и рекло дека тракторот му поминал преку стомакот. За жал детето починало во ужичката болница, велат извори од истрагата.

Од болницата велат дека не детето му немало спас, зошто имал тешки повреди од кои починал и покрај обидот за реанимација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1