Веле Зафировски, дедото кој се грижи за напуштените близнаци, Тео и Тони, од први јануари почнува да работи за општина Аеродром. Зафировски ќе биде задолжен за одржување на зеленилото во населба Долно Лисиче, каде што живее.
– Општина Аеродром му пристапи на семејството Зафировски веднаш по сознанието за условите во кои живеат и тешката финансиска состојба. Се надеваме дека помошта која ја доби семејството изминатиот период ќе им обезбеди подобар живот и можност да уживаат во новогодишните празници, се вели во соопштението од општина Аеродром.
Во него се додава дека институциите пред се мора да покажат хуманост и грижа за сопствените граѓани и оти општина Аеродром во иднина ќе се труди да воспостави ефикасни механизми за континуирана помош на социјалните случаи на својата територија.