Деградиран инспекторот Илиевски, кој откри незаконски унапредувања на функционери


Вишиот просветен инспектор и раководител на одделението за инспекциски надзор во високото образование Ѓорѓи Илиевски ќе биде распределен на пониско работно место, односно деградиран, одлучи директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спировски, откако дисциплинската комисија му ја предложи оваа мерка бидејќи Илиевски сторил прекршок, пишува „А1ОН“.

Информацијата за „А1 он“ ја потврдиле од Државниот просветен инспекторат.

„Дисциплинската комисија на седницата по изведување на доказите  утврди дека административниот службеник сторил прекршок и со тајно гласање донесе одлука да се достави предлог за изрекување дисциплинска мерка до директорот на Државниот просветен, против административниот службеник Ѓорѓија Илијески: Распределување на работно место во непосредно пониско место. Директорот истата ја прифати и донесе решение административниот службеник Ѓорѓија Илиевски да биде распределен во непосредно пониско работно место“, велат од ДПИ за „А1 он“. Решението треба да му биде доставено на Илиевски на домашна адреса, а тој може да го обжали.

Oд инспекторатот не прецизираа на која позиција ќе биде распределен Илиевски. Тој треба да замине во пензија во јануари 2019 година.

Илиевски во јавноста обелодени дека при редовниот инспекциски надзор при државниот универзитет во Тетово  утврдил дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нихиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1