Дејан Манасков успешно опериран во Хрватска


Според информациите од клубот, денеска наутро во специјалната болница за ортопедија “Др Немец“, во близина на Опатија (Хрватска), успешно е опериран младиот крилен играч на РК Металург, Дејан Манасков.

dejan manaskovСпоред клубот, Дејан Манасков одреден период ќе се рехабилитира во Хрватска, а потоа се враќа во Скопје каде што со тек на време ќе ја санира повредата.

Да потсетиме, еден од најдобрите ракометари на македонскиот првак Металург, Дејан Манасков ја заврши сезоната на натпреварот против Силкеборг, кога ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од ракометните терени во следните шест месеци.

фото: РК Металург / спорт клуб

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1