Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам доживеал сообраќајна несреќа откако паднал од својот мотор, после напуштањето на едно студио за тетовирање.
Дејвид Бекам полсено е повреден откако паднал од мотор вчера попладне кога на „Сунсет Булаварот“ се обидел да ги избегне папараците кои го прателе на секој чекор.
Тој потоа побарал помош од работниците во салонот за тетовирање да го поместат моторот, за да повика шлеп-служба.
Ова не е прв пат Бекам да учествува во сообраќајна несреќа, тоа се случи и пред неколку месеци кога со својот џип удри во друг автомобил пред сопствената куќа.