Дел од отпуштените војници веќе побарале бугарски пасоши – таму ќе бараат работа


Отпуштените професионални војници на АРМ и официјално побарале да станат бугарски државјани, а со тоа и својот професионален ангажман да го продолжат во таа  држава. Тие со писмо бараат прием во бугарската амбасада за како што велт,  да разговараат за можностите кој ќе им бидат понудени, јавува Алфа.
vojnici“Ваша ексцеленијо, поради економската криза во која се најдовме, а која е последица од отпуштање од АРМ и негрижата од страна на државните органи, а посебно од Министерството за одбрана приморани сме нашиот живот и нашата кариера да ја продолжиме надвор од Македонија. Го доставуваме ова барање поради добивање бугарско државјанство и решевање на нашите егзистенцијални проблеми”  (Група отпуштени војници).
Од бугарската амбасада во Скопје стаса потврда дека писмото е добиено. Пред извесно време контравезниот директор на бугарскиот музеј Божидар Димитров, кој е познат по антимакедонските ставови, упатни јавна покана отпуштените македонски војници да служат во Бугарската армија. Ваквата негова изјава наиде на реакции кај бранителите.
Познавачите велат дека е сосема извесно Бугарија позитивно да одговори на барањето на дел од отпуштените професионални војници.
Алфа

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1