Дел од Центар без струја, се вклучил безбедносниот систем


Делови од Центар останаа без струја по земјотресот во 15.10 часот.

Од ЕВН информираат дека прекинот на електрична енергија се случил бидејќи се вклучил системот за автоматска заштита и дека ги вклучуваат оние трансформатори што им се на далечинско управување.struja skopje

Телефонските линии на двата мобилни оператори се оптоварени.

По земјотресот престанаа да работат и семафорите во централното градско подрачје.

Граѓаните се излезени на улица и не се враќаат во своите домови од страв од нови потреси.

Затворени се и неколку трговски објекти бидејќи стоката е падната од рафтовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1