Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров без струја


Корисниците од улицата „Тодор Чангов“, подулица бр. „1“ во општина Аеродром, од 8:30 до 13:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.strujomer-sveca

Во периодот од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Скупи“, подулица бр. „3“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот, корисниците од улицата „Лука Геров“, подулици бр. „4“, „5“, „8“, „10“, „12“, „14“ и „16“ во општина Ѓорче Петров.

Од 10 до 14 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Букурешка“ од бр. 91 до бр. 101 во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1