Делови од Карпош, Ѓорче Петров и од околните без струја


Корисниците од село Морани и викенд населбата Морани, како и објектот на Зимес и сепарација Имери, утре од 8.30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

strujaВо периодот од 8.30 до 14.30 часот, без струја ќе се и корисниците од улиците Стојна Стефкова, Коста Абрашевиќ и Панче Неделковски во општина Чаир, од 9 до 11 часот дел од корисниците од Визбегово, а од 9 до 13 часот и дел од корисниците од улица Црвена Армија во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 14 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од Кочкова Населба, село Градманци, Месна Река, гасовод Градманци и Космофон Катланово, од 9.30 до 15 часот дел од викендиците во село Кучково, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од село Радуша.

Во периодот од 10:30 до 15 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата Демир Трајко во општина Карпош.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1