Демант од Германската амбасада по повод информациите за работните визи


Веб страната на Германската амбасада во Скопје, објави демант по повод информациите за работните визи, кои протекоа во некои наши медиуми.

Откако во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од македонските медиуми, вклучувајќи го и нашиот, се појави информација дека стартува нов закон за вработување, според кој сите граѓани на поранешна Југославија ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, се огласи и германската амбасада, демантирајќи ја истата информација.

На веб страната на германската амбасада стои:

“Информациите, дека од 01.01.2018 г. ќе влезе во сила нов закон, кој ќе овозможи лица коишто не се граѓани на ЕУ да може да се вработат под исти услови како граѓаните од ЕУ, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страната на Амбасадата преку линкот: Услови и време на чекање за издавање на работни визи”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1