Деми Мур е во Хрватска – еве колку бакшиш оставила во познат ресторан


Холивудската актерка Деми Мур oваа година летува во Хрватска! Мур пристигнала со ќерките Румер, Талула и Скаут во Дубровник, после што се упатиле на Хвар каде во доцните часови уживале во вечерата.

Ресторанот во кој престојувала славната ѕвезда, во неделата наутро, на својата страна на Фејсбук ја објавил сметката на која се гледа името на актерката, износот на сметката, бакшишот, како и нејзиниот потпис. Бакшишот изнесувал околу 65 евра.demi mur restoran

Со сметката приложиле и фотографија на која се Деми, нејзините ќерки и нивните пријатели на масата, но поради бројните негативни коментарот, ресторанот објавата набрзо ја избришал.
Многу коментатори сметале дека со објавата на сметката, ресторанот ја руши приватноста на семејството, така што на тој начин себеси си прават антиреклама.

Газдата се вадел дека нема да се повтори повеќе тоа и дека сметката ја објавиле неговите келнери а не тој., а Деми Мур оставила повеќе од 10 насто бакшиш, што значи потрошила за вечера околу 650 евра.demi mur restoran 2

– Пристигнаа многу доцна, еден час по полноќ. Актерката е услужена стандардно, како и секој наш гостин. Знаевме еден ден претхоно дека ќе дојде и се потрудивме да и обезбедиме дискреција. Вечераше во друштво на ќерките и на неколку пријатели, а потоа сите заедно се качија на бродот кој ги чекаше и испловија – рекол сопственикот на ресторанот во кој Деми Мур вечерала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1