„Боже, зошто не тргнав со вас“, врисоци од ќерката на српскиот свештеник кога дознала за трагедијата


Христина Паниќ не може да верува дека во еден момент остана без мајката, братот и сестрата кои загинаа во сообраќајна несреќа кај Гевгелија. Таа се кае што се откажала од патувањето со своето семејство во Грција.

Ќерката на српскиот свештеник Радивоје се уште е во шок и не може да прифати дека остана без своите најмили кои загинаа во сообраќајната несреќа.radivoje-panic

-Многу и е тешко. Беше кај дедо ѝ во село кога дозна за трагедијата. Цело време плачеше и викаше дека и она требало да тргне со нив. Христина за избегна трагедијата кога во последен момент одлучи да не оди со семејството во Грција каде нејзиниот татко требаше да држи служба. Кога слушна за несреќата толку се вознемири то мораа да интервенираат лекарите и да и дадат инекција за смирување, раскажува пријателка на семејството.

Во домот на свештеникот никој не сакал да даде никаква изјава во врска со трагедијата во која животот го загубија неговата сопруга Татјана (45), синот Никола (18) и ќерката Симеона (10).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1