Деми Мур и нејзината ќерка биле вљубени во ист човек


Румер Вилис (26), ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, открила дека било мошне непријатно кога нејзината мајка почнала да излегува со Ештон Качер. И тоа само поради фактот дека и таа била вљубена во него.rumer-ashton-demi-467

Румер признала дека своевремено била вљубена во младиот актер па доживеала голем шок кога нејзината мајка, славната актерка Деми Мур и го претставила како свое момче.

– Кога мајка ми и Ештон почнаа да излегуваат дефинитивно ми беше чудно, но само – на момент. Морам да го пофалам, беше прекрасен очув – раскажала Румер и додала дека како тинејџерка неговите постери ги лепела по собата.

„Перспективите многу брзо се променуваат кога е потребно“, додала Румер и рекла дека Ештон многу бргу го прифатила како момче на својата мајка, а подоцна и како сопруг.

Деми и Ештон беа во врска од 2003 година, а се венчаа во 2005. После шест година брака, тие се разведоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1