Ден пред Илинден: 2 сообраќајки-загинати 4 лица, едно лице удавено, дете исчезнато…


Ден пред Илинден се случија неколку трагедии. Кај Гевгелија загина жена и две деца, сопругот кој е српски поп е префрлен на Ургентен центар.

Едно лице загина во страшна сообраќајка која се случила после наплатната рампа Желина на автопатот Тетово – Скопје. Според информациите, возач управувајќи со својата Опел Вектра со скопски регистарски ознаки излетал од патот и починал на лице место.policija grb oznaka

Нна пладне на истиот автопат но во обратна насока исто така се случи сообраќајна несреќа во која потешко се повредени 6 лица.

Вчера околу 20.00 часот во водите на Охридското езеро во непосредна близина на комплексот „Парк ” е пронајден удавен Гоце И. (46) од с.Живалево-Кратово. Истиот во 18.00 часот бил пријавен за исчезнат, пренесуваат порталите.

Полицијата трага по 17 годишниот Д.В. од с. Доброшинци, струмичко откако околу 17 часот исчезнал капејќи се во вир. Тој заедно со уште тројца другари влегол во водата насобранаво ископот меѓу селата Доброшинци и Пиперово широк околу 30 метри. По звесно време го снемало, а останатите момчиња во паника побегнале. Непосрдно до вирот полицијата ги пронашла неговите алишта, а се уште се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетникот.

Информациите ги потврди МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1