Паника во Струмица: Малолетник исчезна капејќи се во вир


Полицијата трага по 17-годишниот Д.В. од с. Доброшинци, струмичко, откако вчера попладне околу 17 часот исчезнал капејќи се во вир.uvidjaj-policija-policijska-traka-1341914727-183901

Тој заедно со уште тројца другари влегол во водата насобранаво ископот меѓу селата Доброшинци и Пиперово широк околу 30 метри. По извесно време го снемало, а останатите момчиња во паника побегнале.

Непосрдно до вирот полицијата ги пронашла неговите алишта, а се уште се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1