Денес бесплатен влез во скопската ЗОО од 17-19 часот


Зоолошката градина Скопје ги информира посетителите дека по повод “Бела Ноќ”, на 03.10.2015 (сабота) во периодот од 17:00 до 19:00 часот влезот за посетителите во Градината ќе биде бесплатен.poster

Истиот ден, од 17:00 до 18:00 часот во Мултинаменскиот едукативен центар на Градината ќе се одржи едукативна сесија на тема “Змиите, нашите тивки соседи” која ќе ги опфати следниве точки:

  • змиите наши соседи (колку видови на змии имаме во непосредна близина на Скопје)??
  • како нашите најмлади гледаат на змиите??
  • кога змиите се најстрашни или кога најногу се плашиме од змиите??
  • Постои ли град на змиите и каде е??

 

Целата сесија ќе биде адаптирана пред се за младите посетители (од 08 до 14 години) но сепак ќе содржи и информации кои можат да бидат корисни и на возрасните.

Преку мултимедијална презентација во траење на 1 час посетителите ќе можат да добијат забавно едукативна програма за овие озлогласени животни.

Наредниот ден, недела, во 15 часот во организација на Истражувачко дрштво Урсус Спелеос Скопје и Македонско Еколошко Друштво во Едукативниот центар на Градината ќе се одржи интерактивна едукативна работилница на тема “Во светот на пештерите” каде посетителите ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата. Работилницата е адаптирана за деца од 5-то до 9-то одделение.

Заинтересираните може да е пријават на тел.078/409 005.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1