Фатени ,,трујачите“ од „Арсени Јовков“- кривични за Никола, Антонио и Албин


Откриени лицата кои го извршија нападот со спреј во средното учичиште Аресени Јовков. МВР ќе поднесе кривични пријави против три лица за предизвикување на општа опасност, објави Алсат.arseni jovkov

Кривичните ќе бидат против дваесетгодишниот Никола Џиковски кој го донел спрејот во училиштето, против 16 годишниот Антонио Тошев кој е ученик во училиштетот во втора година и против седуманесетгодишниот Албин Куртовиќ, јавува Алсат.

Вториве двајца прскале со спрејот. Инаку, инцидентот во училиштето се случи пред два дена, по што четириесетина ученици и еден наставник завршија на Клиниката за токсикологија со симптоми на кашлање и солзење на очите. Тие вчера беа пуштени од болницата на домашно лекување. Уште не се знае мотивот за нападот со спреј.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1