Без вода утре од 9 до 14 часот, ќе останат корисниците од ниската зона на потегот од Железничка станица до ул. Венјамин Манчуковски, како и фирмите: Мегамонт, 29-ти Ноември, Алкалоид и Крушево Експо (општина Аеродром)
По известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, пак, РЦУК – Скопје информира дека, утре во периодот од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од Радишански Пат – Радишани ( општина Бутел), од 8.30 до 17 часот, корисниците од селата Долно, Средно и Горно Коњари, Мобимак – Коњари, Чифлик, Сушица, Дивље, Живиње и објектот на АЛЕМ ( општина Петровец ).
Во периодот од 9 до 10 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Свети Кирил и Методиј бр.6 – влез 3. (општина Центар), од 9 до 12 часот, објектите во резерватот Јасен, од 9 до 15 часот, дел од корисниците од ул. Шарпланинска, корисниците од улиците Моцартова и Тиранска (општина Ѓорче Петров), корисниците од улиците Диме Мечето и Волт Дизни (општина Шуто Оризари), како и корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 од село Грчец. (општина Сарај).
Во периодот од 9 до 16 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците Петар Поп Арсов, Диме Аницин, Борка Талевски, како и дел од корисниците од ул. 29 Ноември во општина Центар.