Денес е најдепресивен ден за оваа година


20 јануари ќе биде најдепресивен ден во годината, а експертите тврдат дека боите и шаренилото можат да влијаат на тоа барем малку да си го поправите расположението.

depresijaАкадемик Клиг Арнал во 2005. Година ја пресмета формулата за т.н. Блу Мандеј калкулирајќи различни фактори, од време, долгови и пропаднати новогодишни одлуки. Врз основа на тоа, најдепресивен ден во годината отприлика е секогаш во исто време, а тоа е третиот понеделник во јануари.

Експертите им советуваат на луѓето на тој ден да се облекуваат во посветла и шарена облека и на тој начин да се обидат да влијаат на смалувањето на депресијата која се јавува поради лошото време, долговите и падот на расположението по сезоната на славење и радост, пишува Дејли Мејл.

Инаку, луѓето ретко се одлучуваат на работа да носат шарена облека и посветли тонови бидејќи сметаат дека така ќе изгледаат помалку професионално.

Сепак, ова е ден кога никој нема да им замери што носат облека со посветли тонови, а топлите бои сигурно ќе влијаат на подобро расположение.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1