Препораки од СЗО одвеле во смрт илјадници деца


Илјадници деца би можеле да умрат во текот на годинава поради фактот дека Светската здравствена организација не ги дополнила, односно не ги сменила, своите упатства за лечење на децата што паѓаат во состојба на шок, предупредуваат британските научници.

dete bolnicСостојбата на шок го менува начинот на кој крвта тече низ телото, поради што пациентот е блед. Kако што пренесува Би-би-си, според сегашните упатства, кога детето ќе се најде во состојба на шок предизвикана од тешки инфекции како маларија или поради загуба на течности, СЗО го препорачува третманот „брзо оживување со течности“ – голема инјекција течност што се дава преку инфузија. Третманот ги вади децата од состојбата на шок, но екстензивна студија од 2011 година покажува дека ваквиот третман е и смртоносен за децата.

Kога ќе се спореди со давањето мали количества течности полека, интравенозното внесување големи количества предизвикува смрт кај три од 100 деца кои инаку би преживеале, пишува Би-би-си. Во најтешките случаи починале дури 48 отсто од децата што примиле поголеми количества течности во споредба со 20 отсто од децата што примиле помали количества течности.

Британските научници тврдат дека тоа довело до смрт на неколку илјади деца само во 2013 година бидејќи упатствата не биле сменети, што е разочарувачки и збунувачки. Професорката Kатрин Мејтленд, педијатар во Kралскиот колеџ во Лондон и член на Советот за медицински истражувања, ја прозвала СЗО поради неменувањето на упатствата.

– Поминаа две и пол години од истражувањето, а насоките с` уште не се сменети. Ако болниците ги почитуваат советите и упатствата од СЗО, ќе дојде до смртни случаи, можеби и до илјадници такви случаи – вели Мејтленд.

Од СЗО велат дека студијата од Африка била готова кога тие веќе имале завршено три четвртини од актуелните препораки и совети, па системската анализа на сите докази за справување со состојбата на шок ќе го одложела објавувањето на сите други препораки.

– Тоа беше тешка одлука, но ние не носиме одлуки врз основа на само една студија, колку и да е таа пионерска. Потребна ни е системска анализа на доказите за да ги менуваме интерните упатства за работа, инаку прирачниците на СЗО би се менувале по секоја нова студија – вели д-р Елизабет Мејсон, директорка на секторот на СЗО за здравјето на мајките, новороденчињата, децата и на адолесцентите.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1