Денес е најтоплиот ден годинава – температурите ќе одат до 38 степен


vreme toploВо Македонија во вторник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 29°C до 38°C. УВ индекс 8.

Во Скопје сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 36°C. УВ индекс 8.

Во среда тропски ден, сончево и многу топло. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури од 29°C до 39°C. УВ индекс 9.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1