Денес е Велики Четврток – пред зори се вапсаат 3 јајца – еве зошто


На Велики четврток домаќинките рано пред зори вапсуваат јајца. Црвеното јајце е симбол на Велигден. Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години.

Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце.veligden jajca

– Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
– Второто е за домаќинот на семејството.
– Третото за бериќет и за стоката.

За првото јајце се верува дека има магиска моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести. Обичаите велат дека домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен… Сепак, и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла.

Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката (или кој било што ги вапсува јајцата) ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело!

Инаку, вапсувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што, всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1