Денес елиминација во X Фактор – кои Македонци ќе останат?


Денес македонските претставници уште еднаш ке се соочат со предизвикот наречен Елиминации во Х Фактор.  Овој пат кандидатите кои ке поминат влегуваат директно во борбата за победник на Х фактор.

daniel-kajmakoskiОткако ја поминаа претходната фаза Регрутен камп и добија свои ментори, Кико И Иван Раденов, Фифи и Урош Туркулов заедно со Кристина Ковач како Ментор и Даниел Кајмакоски со Жељко Јоксимовиќ, ке се борат да обезбедат влез во полуфиналето, и настапите во живо, кои ќе започнат на 7 јануари.
Конкуренцијата во вторничната епизода е навистина жестока. Кристина Ковач, работи со групи.
Фифи е во Група со Мaринела, ќерката на Џогани, дали тоа ќе значи предност во однос на другите заради познатото презиме?
Иван и Кико Раденов ќе се обидат да влезт во полуфиналето и да покажат зошто се најдобри за живи свирки.
Урош Туркулов момчето кое има македонска крв и македонски корени, е во новоформираниот машки бенд, и заедно со нив ќе се бори против елиминација.
Даниел Кајмакоски, ќе мора да му се докаже на својот менот и да го поправи впечатокот кој го остави кај него за време на регрутниот камп. Прашањето е само дали ќе му се погоди песната?
Сител
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1