Времето претпладне во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд, а на планините повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Ќе дува повремен умерен, на моменти засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од -1 еден до 5 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 13 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно облачно, но попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 2 Целзиусови степена, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
В сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но в недела се очекуваат нови врнежи од дожд.