Во сабота не очекува редок феномен, на небото ќе се појави црвена Месечина


Во сабота вечер не очекува редок феномен на небото, именто Месечината ќе се појави во изрзаено црвена боја, јавуваат светските медиуми. Ова ќе биде третата од четирите „крвави помрачувања“, што е многу редок феномен, кој според тврдењата на еден американски свештеник е опишан во Библијата.blood-moon-over-earth-600

Експертите  предвидуваат дека Месечината ќе биде целосно помрачена цели 5 минути, ид ека таа појава ќе може да се види на небото во САД, Азија и Австралија. Според податоците кои ги објавува НАСА, овој феномен се случил  неколку пати во последните 200 години.

Библијата на кралот Џејмс (англиски превод на светата книга од 1611 година) наводно ја предвидела оваа ситуација:
„Сонцето ќе се претвори во мрак, а Месечината во крв, пред големиот и ужасен Господов ден да дојде“.

Џон Хаги, американски свештеник , тврди дека многу е симболично времето на појавата на овој феномен за време на одбележуавње на католичкиот Велигден. Тој посочил дека овој феномен се случува исклучиво во период од три дена „ од петок, Исусовата смрт, до недела, неговото воскреснување“.

– Луѓето веруваат дека работите се менуваат и дека Господ се обидува да комуницира со нив на тој начин. Кој сум јас  за да го негирам тоа – изјавил свештеникот и додавл дека кај „крвавата Месечина исклучително е тоа што тој го исполнува пророштвото од светата книга“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1