ФОТО: Цел арсенал оружје пронајден кај познат скопски криминалец


Полицијата денес по наредба на судот, а врз основа на претходни сознанија за постоење сомненија за сторени повеќе кривични дела, изврши претрес во домот на Б.К. (46) од село Рашче, скопско.liceee-500

Пронајдени и одземени се една автоматска пушка непозната марка; три празни рамки за автоматска пушка; еден кундак; два автоматски пиштоли марка “Шкорпион“; две мали празни рамки за “Шкорпион“; една голема рамка со 14 куршуми за пиштол “Шкорпион“; една голема рамка за пиштол “Шкорпион“ со 11 куршуми калибар 7,65 мм.; еден пиштол марка “Том Фолион“ калибар 9 мм. и 11 куршуми со рамка за истиот; еден револвер марка “Амадео Росиса“; 32 куршуми калибар 9х99 мм.; 19 куршуми калибар 38 Специјал; два сигнални пиштола; една воздушна пушка; како и 17 полиетенски пакувања со прашкасна материја (најверојатно кокаин);  две полиетенски пакувања со непозната прашкаста материја; една дигитална вага; три скутери; и еден моторцикл за кој што се претпоставува дека постои основи на сомнение дека е предмет на кривично дело “фалсификување на исправа“, соопштуваат од МВР.oruzje-500

Инаку Б.К. е регистриран во крим евиденцијата на СВР – Скопје и тоа поради сторени кривични дела: “грабнување“, “фалсификување на исправа“, “тешка кражба“, “недозволено извработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за коишто му се изрекувани и затворски казни. По целосно расчистување на случајот против Б.К. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1