Во деновите од претстојниот викенд, денес и в недела, на улицата Ѓорче Петров, во делот кај раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“, ќе се вршат градежни работи – прекопи за поставување подземни инсталации.
Поради тоа, на дел од улицата Ѓорче Петров, во делот кај раскрсницата, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, информира Градот Скопје.
„Утре од 8 до 12 часот ќе се затвори за сообраќај булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата Ѓорче Петров до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, поради изведување градежни работи.
На булеварот „Партизански одреди“ и на улицата Ѓорче Петров во деновите од претстојниот викенд ќе биде поставена соодветна патна сигнализација“, се наведува во соопштението. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на пато