Времето во Македонија претпладне ќе има услови за слаби и локални проврнувања од снег, само во југоисочниот дел од дожд.
Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 2 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.