Денес ќе се знае: На Владина седница ќе се одлучи кој ќе биде директор на УБК


Владата, на седница, треба да одлучи кој ќе го замени Сашо Мијалков, досегашниот директор на тајната полиција. Мијалков поднесе оставка пред две недели. Тој тогаш објасни дека оставката ја поднесува за да помогне да се надмине политичката криза.

Предлозите за двете функционерски места во полицијата, според законот, ги дава министерот за внатрешни работи

g_saso-mijalkov

За можни наследници на Мијалков низ експертската јавноста и медиумите деновиве се шпекулира со неколку имиња, како неговиот шеф на кабинетот Тони Јакимовски и началникот на петтата управа Горан Груевски

Од друга страна, се шпекулира дека оставката на Мијалков може воопшто да не биде прифатена, а во таа насока одат и барањата на поддржувачите на владејачката гарнитура. Во изминатиот период членовите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, професори и аналитичари јавно бараа премиерот Груевски да го задржи Мијалков на чело на УБК, но од луѓето од власта досега не стигна конкретен одговор или изјава што би го потврдило ваквото решение.

Сашо Мијалов даде оставка истата вечер со Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески. До премиерот пиша дека оставката е во интерес на Македонија, со цел да помогне во надминување на политичката криза, која, како што наведе, ја наметнала опозицијата со своето недржавничко однесување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1