Денес нови протести за „Монструм“ – организаторите бараат слобода за затворените


Организациониот координативен совет против процесот „Монструм“ најави нови протести за денес во 13 часот, и ги повтори своите барања за ослободување на доживотно осудените во процесот, кој тие го нарекуваат монтиран.

protesti555-Бараме разрешување на обвинителката и судијата во овој случај, како и нивно кривично гонење. Бараме оставка на министерот за внатрешни работи, а од министерот за правда и член на ДУИ бараме да се изјасни по однос на казните за доживотниот затвор на шесте Албанци и за казните од 3 години затвор на 6 албански демонстранти, рече Дамир Лучи од координативниот совет.

Тие повторија дека до исполнувањето на овие барања протестите ќе продолжат. Протестот утре ќе започне во 13 часот каде што демонстрантите најпрво ќе се соберат пред местото Чаирчанка во скопската населба Стар Чаир од каде што ќе продолжат да маршираат кон Битпазар, а формално своите барања уште еднаш ќе ги повторат пред споменикот на Скендерберг во Старата чаршија.

Првите протести кои се случија непосредно по изрекувањето на казните во процесот „Монструм“ каде што на обвинитите им се судеше за тероризам, поминаа во тензична и насилна атмосфера. Во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите имаше и десетина повредени полицајци. Демонстрантите обвинија за полициско насилство. Полицијата приведе десетина демонстранти, а шестмина беа осудени на казни затвор од три години. Следните протести беа мирни, иако имаше силно полициско обезбедување. Организаторите најавуваат мирни протести и за утре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1