Времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови.
Температурата ќе се движи од 9 до 18 степени.
Во Скопје ќе има слично време со температура до 15 степени.