Вечерва се доделуваат Оскарите – еве кои се е во трка по златната статуетка


Доделувањето на најпрестижните светски филмски награди, Оскар, ќе се одржи вечерва, односно ранао наутро по полноќ по македонско време во театарот „Долби“ во Центарот Холивуд и Хајланд.

Во номинациите за 88-те Осцари ќе се најдат најголемите имиња во филмската индустрија. Меѓу номинираните се големи актерски ѕвезди како: Леонардо Дикаприо, Мет Дејмон, Кејт Бланшет, Џенифер Лоренс, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет, Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Кристијан Бејл, Силвестер Сталоне, Рејчел Мекадамс…!oskar1

Членовите на Американската Академија на филмска уметност и наука ќе ги наградат најдобрите филмови во 2015-та. 12 номинации освои филмот “Повратник”, 10 „Побеснетиот Макс“, a 7 номинации доби „Марсовец“. За Оскар за најдобар филм номинирани се: „Мост на шпиони“, „Бруклин“, “Повратник”, „Побеснетиот Макс“,„Марсовец“, „Соба“, „Обложување на столетието“ и “Spotlight”.oskar filmovi

Се очекува ова да биде едно од најблескавите изданија на Оскаровската церемонија на која ќе се појават огромен број филмски и музички ѕвезди како Расел Кроу, Вупи Голдберг, Шарлиз Терон, Морган Фримен, Бенисио Дел Торо, Риз Видерспун, Џулиен Мур, Софија Вергара, Џон Леџенд, Лејди Гага, Д Викенд, Фарел Вилијамс, Сем Смит.

Водител ќе биде популарниот актер, сценарист и режисер Крис Рок, а настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1