ФОТО/ВИДЕО: Дали е ова јахтата на која летово уживаше Шеќеринска – Кој ја чува во Скопје?


Дали е ова јахтата на која со своето семејство заменичката на Заев, Радмила Шеќеринска уживаше летово на луксузните грчки одмаралишта? Телевизија Нова дојде до ексклузивни снимки од јахтата АДА која и според изгледот и според името наликува на онаа што можевме да ја видиме во Егејското море, јави денес телевизија Нова, пренесува Денешен.

jahta-sekerinska3

Во Скопје оваа луксузна јахта била сместена во хангари во скопската населба Кисела Вода на улицата „Борис Трајковски“ кои се во сопственост на фирмата Пелагонија, Токму оваа фирма е во сопственост на семејството Пановски со кое токму Радмила Шеќеринска е во исклучително блиски релации, вели ТВНОВА
jahta-sekerinska2
Деновиве Телевизија Нова дојде до снимки на кои се гледа дека фамозната, наводно изнајмена грчка јахта всушност цело време по завршувањето на летото била и се чувала во Скопје. Медиумите уште лани пишуваа дека токму јахтата на Шеќеринска вреди повеќе од 100 илјади долари.
jahta-na-sekerinska
-Тоа што за нас беше индикативно, пред неколку дена, доцна во ноќта јахтата конспиративно беше изнесена од хангарите и префрлена на друга локација. Дали беше случајност или некој сакаше да сокрие нешто од јавноста, останува да се види во наредниот период. Токму  минатата година излегоа информации и  фотографии за луксузното летување на Радмила Шеќеринска која во Грција летувала на луксузна јахта која пловела под грчко знаме. Името на јахтата Ада е и името на ќерката на Шеќеринска, потсетува Денешен.
sekerinska-jahtaa
Тогаш медиумите објавија и фотографии на кои се гледа како Шеќеринска и семејството уживаат на јахтата. Таа децидно не демантираше дека јахтата е нејзина и наместо да одговори на прашањата ја сврте работата кон ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи ги да седнеле јавно за да дебатираат кој со колкав имот располага.
Шекеринска во анкетниот лист нема наведено дека има луксузна јахта.
jahta-sekerinska4
jahta-sekerinska5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1