По повод претстојниот верски празник Богојавление – Водици традиционално на 19 јануари на повеќе места на територијата на Градот Скопје ќе се одржи положување на светиот крст во водите на реката Вардар.
Централната манифестација ќе се одржи на мостот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот каде што сообраќајот по ул. „Филип Втори“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ со крстосницата од ул. „11 Октомври“.
Во истото време ќе се одржи уште една манифестација на железничкиот мост на реката Вардар во населба Хром. Сообраќајот по ул. „Васил Чакаров“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот од ул. „Плашковска“ до крстосницата со ул. „Иван Цанкар“.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.