Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 11 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До четврток ќе преовладува ветровито време, ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Од среда во попладневните часови повторно ќе се зголеми облачноста и ќе има појава на слаб локален дожд, особено во северните делови од земјата. Потоа, во следните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло.