Во текот на попладнето ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе овозможи во северните и западните делови на земјава да има опаѓање на дневната температура, а во останатите делови се уште ќе биде многу топло, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Потоа, според метеоролозите, во наредните денови ќе продолжи да се спушта посвеж воздух од север и ќе предизвика опаѓање на температурата за 7 до 10 степени во целава земја.
Зголемување на облачноста ќе има во сабота према недела, како и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.