Денес тропски ден со над 40 степени – во Вторник разладување со дожд


Во Македонија во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб северен и северозападен, а во западните предели слаб североисточен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 31°C односно до 41°C. УВ индекс 10.
Во Скопје во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 38°C. УВ индекс 10.
Во вторник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Во доцните попладневни и во вечерните часови со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на град. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 15°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 31°C односно до 41°C. УВ индекс 9.
Од среда не очекува благ пад на температурите.
Во среда ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 15°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 37°C. УВ индекс 8.
toploten branВо Македонија во четврток ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северн и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне  брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури од 27°C до 37°C. УВ индекс 8.
Во петок ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 38°C. УВ индекс 8.
Сончевото и топло време ќе продолжи и во деновите од викендот. 
Во сабота ќе биде сончево и топло. Слаб северен и северозападен, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 38°C. УВ индекс 8.
Во Македонија во недела ќе биде сончево и топло. Слаб северен и северозападен, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 38°C. УВ индекс 8.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1