Трагедија во Италија: 37 загинати меѓу кои и деца – автобус излетал во провалија (Видео)


До несреќата, во близина на селото Авелино, 160 километри јужно од Рим, дошло кога возачот веројатно изгубил контрола на возилото, при што автобусот излетал од патот и паднал во провалија длабока 30 метри.

Autobuska-nesreca-u-Italiji-2

Автобусот претходно удрил неколку автомобили.

Спасувачите соопштија дека пронашле 37 тела на загинати од автобуската несреќа во јужна Италија. Меѓу загинатите е и возачот.

Италијанските медиуми синоќа објавија дека биле извлечени најмалку 11 преживеани.

Во автобусот кој се движел кон Неапол имало околу 50 патници, кои се враќале од посета на католичко верско светилиште во регионот Кампанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1