Денес ветер со 70 километри на час – еве какво ќе биде времето викендов


Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен наместа засилен ветер од северен правец кој на моменти се очекува да достигнува брзина од околу 70 километри на час. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 12 до 19 степени.

Во текот на викендот кој е неколку часа пред нас се очекува релативно фино време. Иако нема да биде сосема сончев, сепак ќе преовладува релативно суво време. Во сабота наутро и претпладне во крајните северни делови од земјава е можно сосема слабо проврнување, додека во останатите региони ќе има умерена облачност со сончеви периоди. Веќе околу пладне ќе почне позначајно да се разведрува – велат одМетеопро. vetar22

Попладне ќе дува умерен, а на моменти и до засилен ветер од север и северозапад во поголем дел од земјата.

Наутро температурата ќе се спушти до 5°С на повисоките населени места, а низ котлините ќе има вредност во интервалот од 8°С до 12°С.

Максималната дневна ќе достигне вредност околу 19°С во северниот дел од земјата, а на југозапад околу 18°С. Југоисточното подрачје очекува максимална до 22°С.

Недела ќе има повеќе сончеви периоди. Во текот на денот ќе има мала облачост. Повторно ќе биде ветровито, но ветерот ќе биде послаб од саботниот.

Утрото ќе биде посвежо од саботното, но затоа преку ден ќе биде потопло. Дневниот максимум ќе биде „повисок“ во однос на сабота за околу 2°С.

Од недела се очекува стабилизирање на времето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1