Денеска е Благовештение


Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот.

Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1