Секоја година на 19 август се слави празникот Преображение на Господ Бог (Преображение Христово) и спас на нашиот Исус Христос. Ова е еден од најголемите христијнски празници.
Според учењето на црквата, третата година на својата проповед на Земјата Господ Исус често ја говорел на учениците за своите, за блиското страдање а воедно и за славата после страдањето на крстот.
На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ Се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.
Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. За да не ослабе верата на апостолите со Неговото страдање кое претстоело, и за Неговите ученици да не отпаднат од Него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од Својата божествена слава. Преображение на Господ Исус Христос се нарекува настанот преку кој Тој, Премудроста, им посведочил за ова. Затоа ги зел со Себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. И заблескало лицето Негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.
Апостолите, восхитени, не знаеле што да прават. И, како што се запишано во Светото Писмо, Петар Му се обратил на Христа и Му рекол: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.“ Но додека Петар уште говорел, се оддалечиле Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).
Откако слегле од гората, Исус им заповедал да не зборуваат за тоа што го виделе, додека Тој не воскресне.
На денот кога го празнува празникот Преображение, Црквата во склад со древнохристијанскиот обичај, во православните храмови врши осветување на вода и плодови, посебно грозје. Овој обичај е средишен обичај на осветување кој се врши во месец август – имено, на првиот ден од Успенскиот пост се осветува вода и мед, на Свето Преображение се осветува грозје, а на 29 август се осветуваат јаболка.