Денеска е Св.Наум, исцелител и просветител на македонскиот народ


Денеска православниот свет го слави Свети Наум, познат како исцелител и просветител на македонскиот народ.

Денеска именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…Свети Наум освен по црковната дејност е познат и како македонски средовековен писател и културен деец. Од неговите творби, за кои се претпоставува дека се повеќе, откриено е химнографското дело Канон за апостолот Андреј, а се знае за уште други два канона напишани од него Канон на Архангел Михаил и Канон за пренесување на моштите на Јован Златоуст.sv-naum

Иако податоци за чудотворната моќ на светителот среќаваме и во житијата за него, што без сомнение биле извор и на народните умотворби, сепак, култот на св. Наум најповеќе е одразен во преданијата раскажувани на овој простор од најстари времиња, значи, уште од времето кога светителот бил жив.

Сепак, тие се бележени од средината на деветнаесеттиот век па се до денес. Најрано ги среќаваме во зборниците на браќата Миладиновци, и Кузман Шапкарев, а подоцна и кај други собирачи на македонски народни умотворби, патеписци, или едноставно кај луѓе што престојувале или пишувале за Охрид и Охридско и посебно за манастирот кој со својата местоположба и со култот на светителот го привлекувал вниманието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1